Братот на Тајсон Фјури, Томи, успешно ја почна професионалната кариера во полутешка категорија.
19-годишниот Фјури во воведниот дел на настанот Ворингтон – Фремптон во Манчестер победи со одлука на судиите по четири рунди (40-36) 37-годишниот Литванец Јевгени Андрејевс (10-103-3, 4 КО) нанесувајќи му го 103-от пораз во кариерата.
Втората борба ја има закажано за февруари.
Били Џо Саундерс (26-0, 12 КО) со прекин на крајот на четвртата рунда го победи со 41-годишниот Чарлс Адаму (32-13, 25 КО).