Боксерските легенди Владимир и Витали Кличко го возбудија светот со ново силно и емотивно интервју. Тие разговараа со колегите од воздухопловните сили и рекоа дека се подготвени да загинат, но нема да се откажат и ќе ја бранат својата татковина до крај.
„Видете, немаме каде да одиме. Ова е нашиот дом. Подготвени сме да умреме за нашата земја и за нашето семејство. Не ни е грижа колку е силна руската армија, затоа што сме подготвени да се бориме со неа“, изјави Витали Кличко, кој е градоначалник на Киев.
Легендата е категорична дека се чувствува горд на луѓето до него, што дава дополнителна мотивација во желбата за борба.
„Свесни сме дека се соочуваме со една од најсилните армии во светот. Но, во моментов има многу силно, патриотско движење во Украина. Постари луѓе, лекари, актери, луѓе со професии кои никогаш не очекувале дека ќе мора да земат оружје. Подготвени се за борба и тоа е неверојатно“, изјави поранешниот шампион на ВБЦ.
"I'm sorry, where should we go? This is our home… we defend it"
Former professional boxer Wladimir Klitschko and his brother, Mayor of Kyiv Vitali Klitschko, say they will stay in Ukraine to fight against the Russian invasionhttps://t.co/u2gxFQhKyh pic.twitter.com/advEzwHXPT
— BBC News (World) (@BBCWorld) March 2, 2022