Нов скандал – стари познаници: браќата Дијаз уште еднаш го покажаа својот огнен темперамент и уште еднаш беа во центарот на настаните, но повторно надвор од рингот.
Двајцата браќа беа дел од тимот на Џејк Шилдс за мечот со Русимар Палхарес. Но, тоа не ги спречи да направат сопствена борба во толпата со Хабиб Нурмагомедов.
Нејт Дијаз и Хабиб Нурмагомедов поодамна се непријателски настроени, а се започна преку социјалната мрежа Твитер, на која што двајцата си разменија доста непријатни епитети. Браќата решиле јавно да се пресметаат со Русинот и еве што се случи :