Сесилија Брaекхус (36-0, 9 КО) во Монте Карло по 25 пат ја одбрани светска титула во велтер категоирја.
Неспорната шампионка ги одбрани сите пет појаси со убедлива едногласна одлука против 30-годишната Аргентинка Викторија Ноалија Бустос (19-6, 0 КО).
Судиите мечот го бодуваа 99-91, 98-92, 98-92 за 38-годишниот Норвежанка.
Аргентинката во текот на целата кариера претежно се бореше во лесна категорија, а последната борба ја одработи пред скоро една година кога ја освои привремената титула на ИБФ.
Промоторот Еди Харн по новата одбрана на титулата потврди дека Браекхус ќе се бори следната година со олимпискиот победничка и актуелна шампионка на ВБО во полувелтер категорија Кејти Тејлор (15-0, 6 КО).
На настанот требаше да боксира и Хјуи Фјури (23-3, 13 КО), но 25-годишниот Британец се разболе преку ноќ и на денот на борбата го откажа настапот против Павел Шор (11-2, 6 КО).