Божо Старчевиќ ограбен во полуфиналето со Русинот Власов, по што остана и без бронза

bozo starcevik korejac oi

Божо Старчевиќ е поразен во борбата за бронзениот медал во категоријата до 75 килограми на Олимпијадата.

27-годишен борач на Металац загубија 6-4 од Кореанецот Хиеонву Ким.

Сепак, Старчевиќ го ограбија во полуфиналето против Русинот Роман Власов, кога имаше сигурен туш, но судиите не го досудија. Така му пропадна шансата за златен медал. Тој беше многу незадоволен од судиите по средбата во полуфиналето со бранителот на титулата Власов.

„Во втората половина на мечот немав чувство дека борбам против светскиот и олимписки шампион, изгледаше како мојот спаринг партнер во клубот. Да знаев дека кондициски ќе падне толку бргу ќе нападнев порано. Вака, ме чинеше почетокот, знаев дека Власов е таков тип на борач кој веднаш трнува максимално и му ги допуштив тие шест поени. Штета, бидејќи цел живот ќе ме прогонува оваа борба за олимпиското финале, изјави Старчевиќ, кој во втората минута направи зафат за туш на Власов кој судиите не го бодуваа, бидејќи пресудија дека се работи за гушење.

Направив дозволен зафат за туш, а судиите ме оштетија. Според правилата требаше да почекаат десет секунди, но не го сторија тоа. Еден судијка досуди туш, а другите гушење. Се беше јасно кога го видов на судијата од Узбекистан и останатите земји од поранешниот СССР, при такво лоби ништо не помогне“, изјави Старчевиќ за ХРТ.

Неговиот влез во полуфиналето на Олимписките игри е најголем успех во историјата на хрватското борење од независноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON