Бошко Заборски по прогласувањето на најуспешните каратисти: Во моментов имаме многу млад и квалитетен тим, а успехот е континуитет на 25-годишна работа (ФОТО)

Во изборот на Карате федерацијата на Макеоднија за најуспешни остварувања во 2020 година Карате клубот Макпетрол е прогласен за најуспешен во 2020 година и во сениорска и во младинска конкуренција, а стратегот Бошко Заборски е најуспешен тренер и во сениорска и во младинска конкуренција, додека Петар Спасеновски е второрангиран најдобар сениор во борби, а сениорките Ангела Мојсовска и Симона Заборска се на втората и третата позиција. Роберто Ацкосвки е најуспешен во У-21, а Сајра Морина е трета во оваа конкуренција. Второто место го зазедоа и јуниорот Стефан Стојановиќ и кадетот Витомир Трајковски.

Ова е исклучителен успех на Макпетрол и тоа за многу краток временски период.По тој повод разговаравме со тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

 Д-р Заборски, Вие и Вашиот клуб Макпетрол – Скопје, бевте прогласени за најдобри во 2020 година, покрај тоа вие имавте и голем број на прогласени спортисти како најдобри и тоа во највозрасните категории сениори-ки и постари јуниори и јуниори. Може ли накратко да ни кажете на што се должи тоа?

-Изминатиот викенд во салата на Борис Трајковски свечено ни беа доделени признанијата за најдобри карате колективи за изминатата 2020 година. Иако во 2020 година работевме активно само три месеци, сепак забележавме големи постигнувања.

Во генерален пласман бевме прогласени за најдобар клуб во младинска и во сениорска конкуренција, а јас бев прогласен за најдобар тренер во младинска и во сениорска конкуренција.

Европскит медал од Будимпешта, кој успеавме да го освоиме со нашиот репрезентативец Роберто Ацковски во категорија -67 кг, со пет победи и еден пораз во конкуренција на 52 држави, секако дека беше најголемо остварување во изминатата година, не само за Карате федерацијата на Македонија, овој медал е најголем успех на ниво на Држава и на сите спортски федерации за 2020 година, бидејќи е постигнат во возрасна група на помлади сениори (У-21). Тоа остварување не стави во категоријата на најуспешен клуб во младинска конкуренција, а мене како најуспешен тренер во младинска конкуренција. На ова првенство имавме и едно 5-то место од страна на Стефан Стојановиќ кој имаше 4 –ри победи и за жал во директната борба за бронзениот медал во шестото коло не успеа да победи. За прогласувањето на најдобар клуб во сениорска конкуренција придонесоа постигнатите резултати.

Првин на Државното првенство за сениори-ки, каде бевме убедливо најдобри и освоивме вкупно 12 медали, многу повеќе од сите останати клубови. На ова првенство и подоцна и на завршниот Плеј-оф турнир, бевме најдобри и во машка и во женска конкуренција и се наметнавме како најорганизиран и најкомплетен клуб и тоа во највозрасната група на спортисти која е и најреспектабилна, а тоа се сениорите.

Со овие две постигнувања на домашните првенства но и со настапите на светските Премиер лиги во Париз, Дубаи и Салзбург, каде што успеавме да оствариме високи пласмани на нашите  сениори и тоа:

На првиот турнир од Светската лига во Париз, со 92 држави и 703 најдобри каратисти сениори-ки од целиот свет.

-Спортистот европски вицешампион за јуниори Глигор Петков, сега како дебитант во сениорска конкуренција од 92 држави го оствари високиот пласман на 9-тото место преку репасаж, додека на Ангела Мојсовска и фалеше и малку среќа за повисок пласман. Ангела Мојсовска на последното светско првенство беше 5 –то пласирана за 2019 година.

-Потоа на Карате 1 Премиер лигата во Дубаи , која се оддржа од 14.02. 2020 до 16.02.2020. На оваа Премиер лига учествуваа 531 учесници од 79 држави, меѓу кои земаа учество и каратистите на карате клуб Макпетрол;

-Спортистот Петар Спасеновски – кумите сениори -84кг беше  (5-то пласиран), во борба за бронзен медал едно невнимание во последните секунди допринесе да не се освои бронзениот медал;

Потоа имавме учество и пласман повторно на Карате1 Премиер лигата во Салзбург, која се оддржа од 28.02.2020  до 01.03.2020 г.

На оваа Премиер лига учествуваа 651 учесници од 88 држави, меѓу кои земаа учество и каратистите на карате клуб Макпетрол, Ангела Мојсовска -кумите сениори -68кг.

Нашиот европски првак за 2019 година во постари јуниори Петар Спасеновски -кумите сениори -84 кг. исто така оствари висок пласман како (7-мо пласиран).

Сите овие резултати како и учеството на најсилниот европски турнир во Хрватска со учество на 22 држави и 1930 спортисти и освоените бронзени  медали на Марија Петровска и Стефан Стојановиќ во јуниорска конкуренција, придонесоа да бидеме избрани за најдобар клуб во младинска и во сениорска конкуренција.

Сето ова мене ме направи да бидам многу задоволен и горд на постигнатото. Се разбира, ако не беа откажани турнирите поради светската пандемија, ние до крајот на годината ќе успеевме да освоиме уште медали и тоа од големи натпревари. За ова сум сигурен, затоа што во моментов имаме многу млад и квалитетен тим. Не се потпираме само на еден или двајца спортисти кои не преставуваат во репрезентативното кимоно, за нас како клуб е за одбележување тоа што секогаш се трудиме да имаме комплетни тимови и во машка и во женска конкуренција и тоа во период од 25 години на континуирана работа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON