Бошко Заборски: Моника Стефановска созрева во врвен спортист и се носи рамо до рамо со целата светска конкуренција, наскоро очекувам и медал!

Тренерот на Моника Стефановска од Макпетрол, која го освои седмото место на петтиот турнир од Карате 1 Премиер лигата викендов во Ротердам, Холандија, Бошко Заборски вели дека Стефановска со овој резултат ќе ја подобри својата позиција на светската ранг листа, затоа што 7-то место и бодовите за трите победи носат дополнително бодови за овој висок пласман.

Во моментов Моника Стефановска се наоѓа на 32 позиција во својата тежинска категорија -68 кг.

„Стефановска во континуитет покажува дека созрева во врвен спортист и се носи рамо до рамо со целата светска конкуренција во својата тежинска категорија. Ова е нејзин четврти обид да земе медал од лига натпреварите, кој остана без успех. Се надеваме дека наскоро Моника Стефановска ќе не израдува сите и со освоен медал од овие највисоко рангирани карате натпревари кои ги организира Светската карате федерација (ВКФ)“, изјави тренерот Бошко Заборски.

За настапот во Ротердам Заборски нагласува дека во елиминацискиот дел имала две последователни победи, а потоа е поразена од Мирослава Копунова, која, пак, влезе во финалето. Поради ова Моника добива шанса да се бори во репасажот за бронзениот медал.

„Во првата борба беше поуспешна од Каролина Арсеино, но во следниот натпревар кој беше пресуден и решавачки за следна директна борба за бронзениот медал загуби од Халина Мелник од Украина и го оствари високиот пласман на седмата позиција. По високите пласмани две петти и едно девето место, кои Моника ги оствари на Премиер лигите во (Истанбул, Парис, Салзбург), еве сега и во Ротердам високо се пласираше. Таа во континуитет покажува дека созрева во врвен спортист и се носи рамо до рамо со целата светска конкуренција во својата тежинска категорија“, констатира нејзиниот тренер.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON