Бошко Заборски: Макпетрол со четворица репрезентативци на Европското првенство

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски е задоволен што и оваа година во генерален пласман се најдобри во државата во највозрасната сениорска конкуренција.

„Со голема претходна подготовка и оваа година успеавме да имаме апсолутна доминација во екипна и во поединечна конкуренција во дисциплината борби за жени, не дозволивме да има никакво изненедување. На Европското првенство во Гвадалахара ќе имаме 4 (четири) репрезентативки во тежинските категории. Сара Радичевска, Симона Заборска, Наташа Стефановска и Моника Стефановска. Сите тие вториот ден (недела), кога се одржуваше Бергер турнирот, покажаа дека повеќе сакаат да влезат во националниот тим од своите конкурентки. Сите заедно покажаа најзрели борби и не дозволија да има некое колебање кога е во прашање изборот за најдобриот наш претставник. Кај мажите не успеавме да го направиме последниот исчекор, така што Петар Спасеновски, иако стана државен првак, вториот ден во натпреварот со Берат Јакупи во категоријата -84 кг загуби со минимален резултат 1-1, предност на Јакупи за прв освоен поен, и така го загуби пласманот. Исто така и Давид Петков во категоријата -67 кг не успеа да ја задржи предноста што ја стекна, така што Фаик Весели ќе биде претставник во оваа категорија“, вели Заброски.

Да потсетиме дека Плеј-офот за состав на карате репрезентацијата за Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија, од 28 до 31 март, донесе неколку пресврти од Државното првенство во карате за сениори кое се одржа вчера во Скопје. Во директните пресметки Берат Јакупи и Фаик Весели направија брејк победи против Петар Спасеновски и Глигор Петков во категориите до 84 и 67 килограми кај жените тоа го направија Сара Радичевска против Драгана Манговска  , Симона Заборска против Јована Георгиев и Моника Стефановска ја победи Анѓела Мојсовска.

Од првиот ден предноста ја задржаа: Емил Павлов (-60 кг), Азиз Исмаил (-75 кг) и Жарко Арсовски (+84 кг), тие не дозволија изненадувања и обезбедија место во репрезентацијата за ЕП во Шпанија со по три победи, како што тоа им тргна од рака на Јакупи и Весели.

И во женска конкуренција имаше пресврти во однос на првиот ден од Државното првенство, па така Сара Радичевска беше подобра од Драгана Манговска (-50 кг), Симона Заборска во директниот дуел славеше против Јована Георгиева (-55 кг), а Моника Стефановска (-68 кг) се надмина во однос на вчера и ги победи првата Ангела Мојсовска и втората Јована Манева.

Во кати Пуликсенија Јованоска и Ферри Исиќ обезбедија место за Шпанија.

Во генерален пласман првиот ден на Државното првенство прворангиран е карате клубот Макпетрол – Скопје. Нафташите успеаја да освојат вкупно 11 медали од кои 5 златни 3 сребрени и 3 бронзени одличја.

Државни прваци:
1.Давид Петков -67 кг
2.Петар Спасеновски -84 кг
3.Наташа Стефановска -61 кг
4.Анѓела Мојсовска -68 кг
5.Женскиот тим во борби – Симона Заборска, Сара Радичевска, Наташа Стефановска, Анѓела Мојсовска и Моника Стефановска.

Сребрени медали:
6.Петар Заборски -75 кг
7.Сара Радичевска -50 кг 
8.Симона Заборска -55 кг 

Бронзени медали:
9.Пендаровска Моника -55 кг 
10.Моника Стефановска -68 кг 
11.Мажи екипно борби 

Репрезентација за Европското првенство
Ката жени
Пуликсенија Јованоска (Фунакоши Гичин) 
Кати мажи
Ферри Исиќ (Вардар)
-50 кг
Сара Радичевска (Макпетрол) 
-55 кг
Симона Заборска (Макпетрол) 
-61 кг
Наташа Стефановска (Макпетрол) 
-68 кг
Моника Стефановска (Макпетрол)
-60 кг
Емил Павлов (Штип)
-67 кг
Фаик Весели (Олимпик спорт)
-75 кг
Азиз Исмаил (Металург)
-84 кг
Берат Јакупи (Ас и арт)
+84 кг
Жарко Арсовски (Штип)

За екипните тимови во машка и женска конкуренција во борби тренерот на државната репрезентација дополнително ќе ги соопшти составите и имињата на каратистите кои ќе настапат во екипна конкуренција.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON