Борко Ристовски го отвори13. Меѓународен џиу џицу турнир „Скопје опен”: Турнирот не е само натпреварувачки, туку и вистински празник на спортот

Денес во Скопје се одржа 13. Меѓународен џиу џицу турнир „Скопје опен 2024” во спортската сала „Гоце Делчев” во населбата Илинден.

На турнирот учествуваа над 200 натпреварувачи од Словенија, Србија, Грција, Р. Српска – БиХ, Бугарија, Австрија, Црна Гора и од Македонија.

Турнирот го отвори министерот за спорт Борко Ристовски.

„Оваа манифестација ја продолжува традицијата и ја обединува џиу џица заедницата од Македонија, но и од земјите на регионот – Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Грција, па дури и од Австрија.

Со повеќе од 200 учесници, турнирот не е само натпреварувачки, туку и вистински празник на спортот. Сакам да им посакам успех на сите натпреварувачи и да им се заблагодарам на организаторите и поддржувачите што го овозможија овој спортски настан.

Скопје повторно е домаќин на врвни спортисти, а јас сум горд што како Министерство за спорт продолжуваме да го поддржуваме развојот и промоцијата на боречките вештини во нашата земја“, рече Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО