Борјана Поп Атанасова освои бронза на Европскиот џудо куп за јуниори во Скопје

Борјана Поп Атанасова (+78 кг) освои бронзен медал за Македонија на Европскиот џудо куп за јуниори во Скопје, тоа е прво одличје за нашата репрезентација.

Поп Атанасова во борбата за бронзата ја совлада Тара Јањич од Словенија со 10-0 (ипон). Во четвртфиналето Борјана загуби од Нино Папидѕе со 0-10.

Првото место во оваа категорија го освои Марцелина Врањеш од Хравтска, а Црногорката Јованка Мравлјевиќ сребрен, додека втората бронза и припадна на Полина Колева од Бугарија.

На ЕК настапуваат натпреварувачи од 26 земји, од кои 163 се џудисти, а 106 џудистки или вкупно 269. Боите на Македонија ги бранат 19 натпреварувачи, од кои десет во машка и девет во женска конкуренција.

„Борјана Поп Атанасова од ЏК Миоки предводена од тренерот Игор Паскоски и со голема подршка од селекторот Александар Фузевски се искачи на пиедесталот и не направи горди. Честитки за Џудо Федерацијата и македонското џудо“, напишаа од ЏК Миоки на Фејсбук.

Утре на вториот натпреварувачки ден ќе настапат уште осум наши репрезентативци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО