Кадетките на Борец први на „Сараево опен“ (ФОТО)

Таеквондо клуб Борец го  освои првото место во конкуренција на кадетки на Меѓународниот турнир „Сараево опен“ – Ања Поповска го освои златниот медал, а Дебора Брњарчевиќ и Ива Поповска сребрени.

Борец првото место го освои со 14 бодови, еден повеќе од Тигар – Загреб и два од Олимпик од Сараево.
На турнирот настапија 675 натпреварувачи од 9 држави.

„И Анастасија Пршевска, најмалиот член во нашиот клуб, направи одлична борба и со своите 7 години достојно го оправда нашиот слоган „Биди Борец“, вели тренерот Марио Ацевски.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON