Македонија е побогата за уште еден клуб во борењето, тоа е БК Пробиштип од Пробиштип.
Денес се одржа првиот тренинг под раководство на тренерите Здравко Коцев кој имаше забалежителна улога во успесите на Балканец и Иле Петровски, наставник по физичко воспитување.
Порано во Пробиштип имаше борење, тогаш Рудар (Злетовски рудар) настапуваше во Првата македонска лига, но во 2000-та година престана да работи. А од овој клуб потекнува Томе Коцев кој имаше завидни успеси со Балканец.