Боречките спортови го кренаа „Карпошовото востание“ на нозе! (ФОТО)

kik boks plostad ring

Вечерва во Скопје на плоштадот „Карпошово востание“ во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија се одржа презентација на спортовите во склоп на „Европскaта недела на спортот“, во чие одбележување е вклучена и Република Македонија преку реализација на два проекти финансирани од соодветните програми на Европската комисија („Отворен ден на спортот- 7септември“ и “Ден на училишен и универзитетски спорт -11септември“).

Со задовослтво може да кажеме дека боречките спортови беа најбројни и на граѓаните им покажаа многу од своите вештини. Се претставија федерациите во кик бокс, борење, карате, џудо, самбо, таеквондо, џиу џицу и кендо.

На оваа манифестација беа присутни и актуелни освојувачи на медали од Европските игри и Европските и Балканските првенства по спортови.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON