Еден од најтрофејните руски кикбоксери, Артем Вахитов, одби договор со УФЦ откако заработи шанса во серијата Кандидат на Дана Вајт (DWCS). Наместо тоа, тој ќе се врати во Глори за да се соочи со Рико Верховен за титулата во тешка категорија.
Во интервју за ММА фајтинг Вахитов објасни дека главната причина за неговото одбивање е финансиската награда, бидејќи сите борци на ДВЦС добиваат стандарден договор, без разлика на нивниот статус.
View this post on Instagram
„Мојот тим се обиде да преговара, но УФЦ не остава простор за маневрирање. Ги почитувам нивните правила, но како професионален борец морам да размислувам за мојата иднина. Влегувањето во УФЦ би било интересно, но финансиските услови не беа доволно атрактивни”, изјави Вахитов.
Наместо тоа, тој ќе се бори за титулата на Глори 100 на 14 јуни, каде ќе се соочи со легендарниот Рико Верховен, кој нема пораз повеќе од една деценија.
„Ја сакав оваа борба од 2017 година. Верховен доминира во тешка категорија, но отсекогаш верував дека сум најдобриот кикбоксер во Глори – без разлика на тежинската категорија. Сега кралот конечно е подготвен да се сретне со кралот“, самоуверено изјави Вахитов!