Рускиот борец Владимир Полозов во кариерата има четири победи во седум борби (има три порази), а она што се случи минатата година дури неодамна стана хит на социјалните мрежи.
Имено, Полозов во септември минатата година на настанот ММА серија 84: МФП 249 во Краснојарск постигна чудесен пресврт и победа против сонародникот Анатолиј Галушка, во првиот професионален меч во кариерата.
Дебитантот веднаш тргна насилно и му нафрли на противникот. Низа удари завршија врз Владимир и се чинеше дека судијата може веднаш да ја прекине борбата.
И тогаш неговата сопруга се приближи до октагонот и го замоли Владимир да стане. Човекот од обезбедувањето се обидел да ја оддалечи, но таа одбила и продолжила да вика.
Во еден момент дојде до пресврт. Полозов изведе лост на раката и Анатолиј го предаде мечот.
Владимир Полозов имаше уште една борба во декември, која исто така ја заврши со принуда (задушување од одзади), победувајќи го Андреј Барановски во првата рунда.
https://twitter.com/MyLordBebo/status/1883223412371542124