Топурија со лекција за Мек Грегор: Треба да одиш на часови за почитување и …

Илија Топурија ги импресионираше УФЦ фановите со начинот на кој вчера го доби дуелот со Макс Холовеј, а доволен доказ за неговата форма е и фактот што противникот првпат се соочи со нокаут во својата кариера.

Шпанецот со грузиско потекло по борбата доби многу комплименти, но и порака „Јави се“ од Конор Мек Грегор, кој истата ја објави на социјалната мрежа „Икс“ кратко по завршувањето на дуелот на Топурија и Холовеј.

Новинарите не пропуштиле да побараат мислење од шампионот во перо категорија, а Топурија уште еднаш покажал колку многу го презира Ирецот.

„Тој секогаш се фали и лаже дека ќе се врати, а истовремено ги навредува сите во УФЦ серијата. Вели дека не почитува никого, тој болен и треба да си ги реши проблемите во главата“, одговорил Топурија, по што му се обратил и директно на Мек Грегор.

„Треба да одиш на часови за почитување и како да се однесуваш со луѓето, во спротивно ќе завршиш на лош начин. Моли му се на Господ да не ни се вкрстат патиштата бидејќи ќе те уништам штом те видам“, порача УФЦ шампионот во перо категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО