Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“, утре, во Кристалната сала на Собранието, ќе ги врачи наградите за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2024 година.
Овогодинешен добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план е Борче Костовски, успешен спортски работник, тренер и претседател на Македонската таеквондо федерацијата. Костовски најголемиот успех го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио.
Наградите со кои што се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.