Борче Ангелов со две победи на Европскиот џудо куп во Атина

Борче Ангелов на Европскиот џудо куп „Атина 2017“ во Грција забележа две победи во категоријата до 66 килограми.

Анеглов прво го совлада Симонас Брога од Литванија со ипон и вазари, потоа беше поразен од Џенгизхан Донмез од Турција со 2 вазари и 1 ипон. Во репасажот го победи репрезентативецот на Грција Николоас Симопулос со 2-1 во вазари, но во наредната борба Микита Борисевич од Белорусија салвеше со 1 ипон и 2 вазарија.

На крајот Ангелов се пласира на деветото место.

Неговиот тренер Гоце Димитријоски нагласува дека ова се првите победи за Макдонија во јуниорска конкуренција на еден Европски куп.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON