Борче Ангелов во категоријата до 60 килограми на Европскиот младински олимписки фестивал во Тбилиси, Грузија, имаше шанса преку репасажот да се бори за медал.
Ангелов во првото коло беше слободен, а во второто се сретна со Амит Бобович од Израел и загуби со ипон, но Израелецот се пласира во финалето и му овозможи преку репасажот да дојде до значаен пласман. Во првата борба со Марк Реиг Аранд од Андора победи со два јукоа, но во клучната средба со Унгарецот Ендре Гуникс беше поразен со еден ипон. Ангелов во вкупниот пласман е девети.
Берна Шерифовска (-52 кг) загуби со еден ипон од Ана Раори од Романија, додека Амра фејзула (-57 кг) во првото коло беше слободна, а во второто се сретна со Егери Липартелиани (Грузија) и претрпе пораз со еден ипон еден јуко. Ако Грузијаката се пласира во финалето, Фејзула ќе настапи во репасажот.
ipon.mk/В.Д.