Борбата меѓу Чендлер и Оливеира пред полни трибини

Мечоот за шампион во лесна категорија на УФЦ меѓу Мајкл Чендлер и Чарлс Оливеира ќе се одржи пред полни трибини. Имено, нивната борба ќе го предводи настанот УФЦ 262 на 15 мај, што ќе го организира најсилната ММА промоција во салата „Тојота Центар“ во Хјустон.

Спортската арена во која кошаркарите на Хјустон Рокетс ги играат своите натпревари прима 18 000 гледачи. Дана Вајт најави дека борбите ќе се вратат во салите само доколку трибините се полни.

Тексас е првата американска држава што ја укина обврската за носење заштитни маски, како и ограничување на бројот на луѓе на исто место. Нивната желба е да ги оживеат спортовите и забавата што претрпуваат големи загуби за време на пандемијата на коронавирусот.

По Тексас, и Флорида. Настанот во Хјустон сигурно ќе привлече многу љубители на ММА, па нема сомнеж дека ќе се бара билет повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON