Аце Арсов ќе настапи на првиот настан Муња фајтинг чемпионшип (МФЦ) кој ќе се одржи на 21 јануари во салата „Кутија шибица“ во Загреб, Хрватска.
Поранешниот борач на БК Балканец активно тренира во БК Пинк Пантер со Бобан Данов и Димитар Ташков за дебито во ММА. Тој ќе се сретне со Тиго Гилјевиќ во категоријата до 93 килограми.
На листата на борби на овој ММА настан и има неколку добро познати имиња, пред се од Хрватска, а потоа и од регионалната боречка сцена. Така, во главната борба во Кутија шибица ќе настапат Матеј Трухан – До коска во пресметката во полусредна категорија до 77 килограми против Роналд Парадисер.
„Коглавниот“ настан ја носи пресметката меѓу Ивица Трушчек и нашиот Борче Талевски, исто така во велтер категорија, а од познатите имиња тука се и Матија Блажичевиќ кој во двобојот во лесна категорија (инаку настапува во перолесна категорија) ќе ги вкрсти ракавиците со нашиот Филип Божиновски. Меѓу истакнатите имиња уште се Зоран Џоџ и Плеурат Смајли.