Борачите на Лирија и Тефејуз му се заблагодаруваат на Пешко, но ги почитуваат одлуките на ФБСМ и клубовите

Besmir Veseli na EP U23 vo Polska - borba

Борачите на Лирија, Бесмир Весели и Јасин Реџелари и Ертан Реџепи од Тефејуз, се заблагодаруваат на поканата на Љубиша Пешко да одат подготовки во Шведска како репрезентативци на Македонија, но истакнуваат дека ги почитуваат одлуките на клубовите и на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ).

Јасин Реџелари

Според нив, тие ќе се отповикаат на подоготовки кога тоа ќе биде направено преку ФБСМ и со одлука на клубот на кого му припаѓаат, а не на приватни повици и селекции.

ertan redzepi na piedestal Biser 2016

Од друга страна, Реџепи малку подолго време е отсутен од душекот поради професионалните обврски, така што тој вели дека нема многу време за посериозен ангажман.

Да потсетиме дека тренерот на БК Вардар, Љубиша Пешко, ги покани сениорските репрезентативци на Македонија, според негов избор, од 21 до 26 февруари 2017 година во Cтокхолм, Шведска, на базични подготовки и учество на еден солиден турнир.

Тој ги избра: 57кг Владимир Егоров ( Вардар), 61кг Лабазан Аскербиев (Вардар), 65кг Јасин Реџалари (Лирија) и Ертан Реџепи (Тефејуз), 70кг Дејан Митров ( Балканец) и Александар Павлев (Спартак), 74кг Веселовски (Лирија) и Бехар Махмути (Тефејуз), 86кг Халил Зубаиров (Вардар), 97кг Мохамедгаџи Нуров (Вардар) и  Тимур Хамикоев (Вардар) и 125кг Бобан Данов ( Вардар).

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON