На првиот турнир во борење во 2024 година „Али Тефик Демири“ во организација на БК Студеничани борачите на Вардар 1961 освоија дев одличја – сребро и бронза, со тоа ги продолжија успешните настапи од минатата година.
Со сребрен медал се закити Дамјан Зафировски, а со бронза Матеј Трајковски.
Од клубот велат дека ова е одличен успех на почетокот на годината и дека младите надежи на Вардар 1961 одат по вистинскиот пат.