Борачите на Вардар1961 добија нова спортска опрема

Пред почетокот на новата сезона, односно Државното првенство во У-23 во Кочани, борачите на Вардар1961 добија нова спортска опрема во традиционалната црвено-црна боја.

„Со ова Вардар1961 делува како сериозна екипа која работи претежно со млади категории потпирајки се на својата школа“, велат од клубот.

Вардар 1961 доби 44 пара тренерки и маички, како и 12 пара патики.

Од клубот изразуваат благодарност до Министерство за спорт и општините Бутел и Гази Баба, како и спонзорите Годам инжинеринг, бутик Гирфон, ресторант Полар, фитнес центарот Легион и бурекџилница Дамат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО