Борачите на Вардар 1961 ја привршуваат успешната сезона со настапот на традиционалниот Меѓународен турнир „Победник“ во Белград, Србија, кој се одржува во 14 декември (сабота).
Вардарци ќе настапат со пет борачи. Боите на црвено-црните ќе ги бранат Нина Славевска која беше сребрена на Балканското првенство во Скопје, Неда Урошевска, Кристијан Славевски, Матеј Неделковски и Љубе Неделковски.