Спартак успешно ги спроведе подготовките на Пониква, при што акцент ставија на репрезентативците кои 3 до 6 октомври ќе настапат на Балканското првенство во Скопје.
Спартак ќе има шест борачи во репрезентацијата до 15 години на Балканското првенство.
Освен базичните подготовки, тие успешно ги завршија 10-дневните со репрезентацијата во Штип. Стручниот штаб на Спартак и репрезентацијата очекува добар настап и освојување на медали.
За репрезентацијата на Македонија ќе настапат:
Јован Илиев 48 кг
Даријан Павлев 62 кг
Павел Темелков 68 кг
Филип Ангелов 75 кг
Славица Митева 42 кг
Стојана Митева 46 кг