Борачите на Олимпија се на подготовки во Дојран (ФОТО)

Борачите и борачките на штипска Олимпија од вчера се на подготовки во Дојран и таму ќе останат до понеделник.

Вкупно 26 борачи се подготвуваат за есенската сезона. Но, на подготовките има и гости кои се европски медалисти и се во категоријата на големата надеж на борењето Андреа Нисева, бронзена медалистика од ЕП за деца.

Мелда Демеркџи

Во Дојран се Мелда Дермекџи од Едрене-Турција, која има две европски одличја, Олга Попова (златен и бронзен од ЕП, Стефи Лазарова и балканскиот шампион Виктор Кармалак (Молдавец) од ЦСКА-Бугарија. Со нив се и тренерите Васил Татарлиев и Муса Дермекџи.

Стефи Лазарова и Виктор Кармалак

Од друга страна, Олимпија деновиве се поднови со нова опрема, како поттик за подобри резултати до крајот на оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON