Борачите на Олимпија се на викенд подготовки кај ЦСКА во Софија, Бугарија.
На подоготовки се борачите Филип Тодоров, Леон Стојанов, Лука Николов, Анастасија Трајчевска и Андреа Нисева, предводени од тренерите Гордан Николов и Кире Нисев.
Од друга страна, Олмпија вчера доби донација боречки душек бугарската амбасада, награда за освоениот европски бронзен медал од Андреа Нисева во Капошвар, Унгарија, во 2023 година. А парична награда добија Андреа Нисева и тренерите за вложениот труд кој придонесе за високата позиција на оваа млада надежна спортистка на минатогодишното Европско првенство.
Душекот ќе послужи за развој на младите во спортот во боречките вештини.