Од вечра дел од борачите на Балканец од Штип се на базични подготовки на Пониква на Осоговските Планини.
„Подготовките се наменети за темпирање на формата за Балканското првенство за У-15, У-17 и У20 во Скопје, (од 3 до 6 октомври) и меѓународните турнири кои следуваат во периодот што претстои“, велат од Балканец.
Да потсетиме дека борачот на Балканец Леон Манов (45 кг) ќе настапи на Светското превенство во борење до 17 години во Аман, Јордан, кое почна вчера.