Бонуси на УФЦ 266 – Волкановски и Ортега ја имаат „Борбата на вечерта“

Гала вечерта на УФЦ 266 не ги разочара љубителите на боречките вештини нудејќи квалитетни и оспорувани битки. На настанот беа одржаа вкупно 13 борби, од кои 5 беа вклучени во главната карта на УФЦ 266.

Четворица од учесниците на гала вечерта беа поздравени со дополнителни 50.000 долари. Станува збор за Александар Волкановски и Брајан Ортега, чија битка за титулата во перо категорија беше избрана за „Борба на вечерта“.

Австралиско-македонскиот борец направи втора успешна одбрана на титулата во категоријата. Средбата беше голем настан на борбената карта на УФЦ 266 во Лас Вегас.

Останатите двајца кои си заминаа со по 50.000 долари побогати од Лас Вегас се борците од прелиминарната картичка Мераб Двалишвили и Крис Даукаус.

Грузиецот надвладеа над Марлон Моралес. Американецот го победи Шамил Абдурахимов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON