Меѓународниот олимписки комитет реши да ги исклучи боксот и брејкденсот кој во Париз доживеа право фијаско откако една Австралијка Рачел Гун стана предмет на потсмев со крајно глупава изведба која на се личеше освен на брејкденс.
Боксот на Олимписки игри бил уште од античка Грција, но традицијата најверојатно ќе се прекине во Лос Анџелес за четири години.
Нови спортови на Олимписките Игри 2028 во Лос Анџелес најверојатно би требало да бидат: крикет, сквош, бејзбол, софтбол, лакрос и флег фудбал кој е верзија на американски фудбал и се игра во САД, Канада и Австралија претежно.
Ситуацијата не е нималку едноставна, затоа што Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) презеде надзор над боксерите од Меѓунардониот боксерски сојуз (ИБА) минатата година поради корупција.
Од МОК им препорачаа на боксерските федерации да си оформат нова кровна организација каква што беше ИБА ако сакаат да добијат карта за настап на следните Олимписки игри.
Се оформи организација наречена Ворлд боксинг која во моментов брои 37 федерации што е премалку.