Во петок и сабота (на 14 и 15 јуни) во Куманово ќе се одржи четвртиот по ред Меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во чест на прославеното тренерско боксерско име.
Празник на боксот и ревија на најдобрите боксерски имиња од Европа каде ќе настапат боксери од Италија, Турција, Австрија, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Романија, Полска и Македонија.
Во петок на програмата се полуфиналните борби, додека во сабота е закажано финалето.
Турнирот ќе се одржи во спортската сала на СЕУ „Перо Наков“ во Куманово со почеток и старт на борбите од 15 часот.