Боксерската ѕвезда размислува за премин во ММА и сака борба со Мек Грегор

Amir-Khan se vrti

Амир Кан е последниот во низата на боксери кои го споменуваа потенцијалниот премин во ММА. Уште од минатата година поранешениот светски првак размислува за преселба во слободните борби, а истата темаја ја покрена и овие денови, кога изрази желба за меч со Конор Мек Грегор.

„Веќе поминав низ ММА тренинзите, добро ми дојде како дел од подготовките за борбата против личност како што е Канело, човек кој сака да прави притисок. Отсекогаш сум УФЦ фан и ми се допаѓа Мек Грегор. Ми се допаѓаат моите изгледи ако дојде до борба со шампионот околу 66-67 килограми, а со Мек Грегор или кој било“, изјави Кан за Дејли стар.

Британскиот борец инаку неколку денови е оддалечен од големиот дуел што го чека со Саул Алварез – Канело. Тие ќе се сретнат оваа сабота во Лас Вегас, во борбата за појасите во средна категорија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON