Ирскиот боксер, Стив Колинс, смета дека тој и неговиот брат – најпопуларниот тренер Пашал, знаат како да го подготват потребниот план за да може Конор Мек Грегор да го победи Флојд Мејведер во боксерскиот ринг.
Кога нештата ќе се спротивстават во боксот, речиси никој не му дава шанси на Мек Грегор против еден од најголемите боксери на сите времиња. Стив Колинс, кој е светски шампион во средна и супер-средна категорија во 90-тите години, смета дека тоа не е толку невозможна цел за неговиот сонародник.
„Јас и брат ми Пашал седнавме и смисливме стратегија, како би го подготвиле Конор против Мејведер. Можеме да му покажеме како да го победи“, рече тој.
„Ако му требаат нашите инструкции и го направи она што ќе му кажеме, тој може да го победи“.
Конор Мек Грегор тренира под водство на Џон Каванг, но ако тој му се спротивстави на Флојд, тогаш ќе му биде потребен и човек кој целосно ќе го подготви, од гледна точка на боксот.
„Комуницирам со него и со Каванаг кој е одличен тип. Џон знае дека ние сме најголемите боксерски умови во Ирска. Тој разговара со нас за бокс и има многу чиста свест. Ви велам – ако натпреварот со Мејведер се случи и Конор сака да го подготвиме, ќе му објасниме што да направи, за да победи“, рече уште еднаш Стив Колинс.