Филипинскиот боскер Мани Пакијао по сенаторската политика во парламентот на Филипините, сега е во нова улога – полковник во армијата на својата држава. Осумкратниот светски боксерски шампион, кој неочекувано ја загуби титулата во јули по поразот од Австралиецот Џеф Хорн, доби понуда да се активира во армијата.
Пакијао досега имаше чин на потполковник во резервниот состав на филипинската армија, а сега е унапреден во полковник.
„Можам да се пофалам дека од денеска сум промовиран во полковник во армијата на Филипините“, изјави Мани Паквајо.