Боксер кој знае по нешто за борбите за титулата во тешка категорија е поранешниот двократен светски шампион Ридик Боу.
Американската боксерска легенда освои сребрен медал на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, а следната година стана професионалец.
Во текот на неговата дваесетгодишна кариера Големиот татко извојува 43 победи и е првиот боксер кој го победил Ивандер Холифилд (ноември 1992 година).
А единствениот пораз што го претрпе беше во реваншот против Холифилд, една година подоцна, но во ноември 1995 година, во нивната трилогија, тој повторно славеше со прекин во осмата рунда.
Легендата на боксот во тешка категорија го откри својот фаворит во борбата за титулата Фјури-Усик, која треба да се одржи кон крајот на или почетокот на следната година.
„Морам да кажам Фјури. Фјури има искуство и класа“, нагласи Ридик Боу и му даде совет на Усик:
„Направи го она што треба да го направиш за да ја добиеш борбата како што покажа Холифилд на мечот против мене. Усик мора да тренира и да се подготвува како Холифилд. А Тајсон Фјури треба да биде апсолутно подготвен на се“.
Во рингот против Боу, Холифилд беше физички во малку подредена позиција, но знаеше да му создаде проблеми на Големиот тато. Може ли Усик да го стори истото против поголемиот Фјури?