Боксерската федерација се уште заглавена и поделена – за боксот и за корист од него!

Боксерската федерација на Македонија (БФМ) и на денешната седница на Управниот одбор не најде решение за деблокирање на жиро-сметката. Ова значи дека многу работи се уште тапкаат во место и нема поместување за видливо помрднување на нештата на спортот кој претендира да се врати на старите патеки – најтрофеен спорт.

Како што стојат работите тешко дека ќе стартува и Боксерската лига на Македонија.

Еден од членовите на УО деншната седница на својот Фејсбук профил ја прокометира како „Управниот одбор беше поделен во два тима, тие што го сакаат боксот и другиот тим кој само размислува што ќе добие од боксот“.

„Јас припаѓав во тимот кој го сака боксот и знам дека секоја капка пот на децата во нашата сала ја цениме и затоа секогаш ќе се борам нивниот сон да се исполни, да станат добри спортисти, а не како некои да не се грижат за ништо, освен за сопствениот интерес. Има членови во Управниот одбор кои несебично даваат се од себе и се жртвуваат да го подигнат боксот на повисоко ниво, како никогаш до сега. Затоа ќе победи тимот кој сто има поголема желба и поголема упорност, а на останатиот тим, кој размислува само за сопствениот интерес, им порачувам дека ќе бидат поразени, затоа што имаме многу по храбро срце да жртвуваме повеќе време и повеќе капки пот за сонот на децата“, нагласи членот на УО на БФМ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON