Претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Игор Златков, и членовите на Управниот одбор, Оливер Станков и Фатон Салиу, на денешната прес-конфернција изразија задоволство од мерките кои беа вчера презентирани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, доколку оваа партија победи на изборите.
Имено, Златков нагласи дека боксот инјекцијата од 700 илјади евра годишно многу би значела. Функционирањето на лигата од идната година на овој популарен олимписки спорт, ќе придонесе за постепено враќање на патеките на успехот.
„Боксот во Македонија досега стагнираше во својот развој, но затоа со промените во раководството се планира издигнување на боксот на пиедесталот што го заслужува своето место. Боксот е олимписки спорт кој што ќе треба да се развива во оваа држава и да застане таму кај што му се местото. Според ветувањето кое што со сигурност ќе биде реализирано ќе треба да направиме боксерска лиг , национална лига која што ќе треба да оперира од 2017 година“ , вели Игор Златков, претседател на Боксерската федерација на Македонија.
Лигата би требало да брои осум клуба, при што од страна од Агенцијата за млади и спорт ќе се организира квалификационен турнир, додека преостанатите осум би се натпреварувале во втората лига.
Стимулативно ќе биде за боксерите секоја награда за победа. Од друга страна, доколку клубот обезбеди дополнителни спонзорства со новите можности за ослободување на данок на добивка може да им се даде и додатни средства на боксерите и тренерите.
Според најавите на проектот финансирање на лигата ќе се одвива на тој начин што секој боксер кој што ќе победи во натпревар ќе добие 350 евра. Секој пораз ќе биде награден со 150 евра, за нерешен резултат боксерот ќе добие 200 евра. Дополнително ќе има финансиски средства за тренерите по 200 евра од натпревар и за судии, делегати и лекари и по 100 евра за помошниот персонал кој што ќе учествува за време на натпреварот.
Оливер Станков рече дека на 15 октоври се организира „Мечот на шампионите“ во организација на нивниот клуб КК Аперкат во Скопје. Ќе има десетина борби од пионери до сениори, а ќе учествуваат најдобрите боксери во Македонија.
Ipon.mk/В.Д.