Новото раководство на Боксерската федерација на Македонија (БМФ) вчера во Битола ја одржа првата работна средба по Собранието на 22 јуни во Скопје, а ја водеше новиот претседател, Игор Златков.
На средбата станало збор за тоа како да се дојдеме до подобар бокс. Во таа насока се расправло како младите да се внесат во боксерските сали, што ќе се прави до крајот на годината. Заземено е став да се направат неколку турнири, да се одржат државните првенства и успешно да се организира Златниот гонг. Од друга страна, разговарано е од другата година да се почне со лигашко натпреварување, кое би било од отворен тип, за да може да се вклучат и другио држави од регионот.
Подобрување на судискиот кадар со лиценци, како и одржаување на семинар за тренери. Одредена е работна група која ќе го посети новиот Боксерски клуб 1060 од Ѓорче Петров, за да на првата седница на Управниот одбор во август биде примен во Федерацијата.
За да се олесни приемот и регистрацијата на нови клубови во БФМ, наложено е да се изготви целосната документација која преку канцеларијата ќе и биде достапна на сите што сакаат да отворат боксерски клубови.
Ipon.mk/В.Д.