Боксерската федерација на Македонија го откажа членството во ИБА, се приклучува кон Ворлд бокс

Управниот одбор на Националната боксерска федерација вчера донесе одлука да го откаже членството во Меѓународната боксерска федерација (ИБА) и да се приклучи Ворлд боксинг федерацијата.

За оваа одлука гласале сите 9 члена на Управниот одбор

Од друга страна, Боксерската федерација истакнуваат дека на состанок е дискутирано и образложено дека иднината на македонскиот бокс и целовкупниот бокс како олимписки спорт е во Ворлд боксинг федерацијата.

„Поради суспензијата и последователното повлекување на признавањето од страна на ИОК во 2023 година ИБА немаше учество во квалификациите за организацијата на боксерскиот турнир на Олимписките игри Токио 2020 година и не е вклучена ниту за Париз 2024 година. Квалификациите и олимписките турнири беа и се организираат од боксерски единици формирани од ИОК, за заштита на спортистите, Националните боксерски федерации и нивните соодветни национални олимписки комитети (НОК)

Поради сите овие причини, боксот моментално не е на спортската програма на Олимписките игри ЛА 2028. МОК многу јасно стави до знаење дека не може повторно да организира вакви олимписки натпревари во бокс“, невадуваат во образложението НБФ и нагласуваат:

„За да се поправи ова, олимпискиот бокс треба да биде организиран од веродостојна, добро управувана Меѓународна федерација. Затоа веќе е познато дека секој боксер чија Национална федерација се придржува до ИБА нема да може да учествува на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година. Соодветниот НОК ќе мора да ја исклучи таквата Национална боксерска федерација од своето членство.

Националната Боксерска федерација затоа ја донесе оваа одлука која е во интерес на иднината на боксот и олимпискиот бокс во Република Северна Македонија“.

„ИОК ја забележа одлуката на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) во однос на паричните награди. Како и секогаш со ИБА, не е познато од каде доаѓаат парите. Овој тотален недостаток на финансиска транспарентност беше токму една од причините зошто ИОК го повлече признавањето на ИБА. ИБА не беше подготвена транспарентно да ги објасни изворите на своето финансирање или да ја објасни целосна финансиската зависност, во тоа време, од една државна компанија, Гаспром“, истакнаа неодмна од ИОК.

Инаку Ворлд бокс е предводен од САД, а тука се речиси и сите европски земји, како Шведска, Холандија, Велика Британија, потоа Канада, Нов Зеланд, Монголија

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON