Боксерската федерација одлучи да ги награди боксерите кои освоија медали на Балканското првенство во Лозница, Србија.
Така, освојувачите на медал во сениорска конкуренција ќе добијатр по 50 илјади денари, за сребрен 30.000 и за бронзен 20.000.
Македонија во сите возрасни конкуренции освои 9 одличја – 2 златни медали, 1 сребрен и 6 бронзени.
Наградите ќе им бидат доделени утре на финалето на Државното првенство во Битола. Денес на програмата се полуфиналните борби кои почнуваат во 16 часот во салата „Боро Чурлевски“.