Боксерска легенда смета дека во моментов не е паметно Џошуа да се бори со Вајлдер

Ентони Џошуа (24-3, 22 КО) ги загуби последните две борби против Aлександaр Усик. Во септември минатата година во Лондон, украинскиот боксер го победи Еј Џеј и му ги одзеде шампионските титули на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија.

Усик беше подобар и на реваншот во август во Џеда. Британецот неодамна се раздели со тренерот Роберто Гарсија и сега составува нов тим.

Тој би требало да се врати во рингот следната година, а еден од потенцијалните кандидати за противник е Дионтеј Вајлдер.

Многумина сметаат дека не му е паметно во овој момент да боксира против ваков удирач и мора да бара малку полесен начин да си ја врати самодовербата.

„Уште не му треба борба против Дионтеј Вајлдер. По два порази од Усик, нема смисла. Џошуа може полесно да си ја врати самодовербата ако се бори со некој што не е толку добар удирач како Вајлдер“, вели боксерската легенда Рој Џонс Јуниор, а се осврна и на фактот дека Еј Џеј бара нов тренер:

„Откако ќе се навикне да работи со новиот тренер и ќе си ја врати самодовербата, може да побара меч против Вајлдер. Но, ако се бори со него по два порази по ред, кој знае што ќе се случи откако Вајлдер ќе го удри за прв пат. Дионтеј е еден од најсилните удирачи во моментов, а неговиот противник не смее да погреши“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON