Британската боксерска легенда Френк Бруно (62) се бореше со многу големи удирачи во текот на кариерата, а неговиот последен меч беше во март 1996 година кога загуби од Мајк Тајсон со прекин во третата рунда.
Петнаесетгодишната кариера Бруно ја заврши со 40 победи, а во 38 победи со нокаут, губејќи пет меча.
А неодамна од Британецот беше побарано да издвои тројца борци од кои го добил најсилниот удар во кариерата, интересно е што во својот избор не го спомна Ајрон Мајк.
„Џамбо Камингс, Џејмс Бонекрошер Смит и Тим Витерспун удираа посилно од Мајк Тајсон. Секој имаше различен удар. Нивните удари беа различни и страшно болеше“, истакна Френк Бруно и додаде:
„Тајсон беше брз и силен, а неговиот удар беше како камшик. Сепак, тој се разликува од другите. Витерспун прво ќе те измори, а Бонекршер Смит исто така беше посебен борец. Ленокс Луис исто така беше различен. Секој имаше свој стил, а удираа силно“.