Боксерска легенда истакнува дека Усик би можел да го нокаутира Фјури

Се чинеше дека мечот меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик е блиску до реализација. Украинецот се согласи на различни услови поставени од Џипси Кинг, како и поделба на хонорарот од 70-30 во корист на британскиот тешкаш, но потоа реши да се повлече од преговорите поради несогласувања околу реваншот.

Нивниот меч ќе го круниса првиот апсолутен шампион во тешка категорија по Ленокс Луис, кого Хасим Рахман го победи, а потоа загуби од него и остана без светската титула.

Рахман предизвика едно од најголемите изненадувања во историјата на боксот кога го нокаутира Луис во петтата рунда во април 2014 година во мечот наречен „Гром во Африка“.

50-годишниот поранешен британски боксер истакнува дека Усик би го нокаутирал Фјури.

„Мислам дека Усик може да го победи Фјури, чија најголема предност е тоа што повеќето тешкаши се навистина бавни и тој е навикнат да боксира против нив. Ако се борите со боксер како Стив Канингем, може да се случат лоши работи. Мислам дека Усик е во своите најдобри години и може да го победи Тајсон Фјури – истакна Хасим Рахман и додаде:

„Поголемиот дел од тешкашите одлично ја користат својата големина против противниците, а истото го прави и Тајсон, кога веќе не може да оди, тој само ве фаќа или се потпира на вас. Но, Усик не е таков тип на боксер, тој ќе го натера Усик да ги боксира сите 12 рунди и нема да му даде ни секунда одмор. Ќе се врти околу Тајсон обидувајќи се да го измори. А кога ќе го истроши, тогаш најверојатно ќе го нокаутира Фјури“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON