Националната боксерска федерација го одржа редовното годишно Собрание во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.
На Собранието присуствуваа 29 претставници од вкупно 39 боксерски клубови.
На дневниот ред на собранието беа вклучени следниве точки:
1.Избор на работни тела на Собранието;
2.Присутните членови го разгледаа и усвоија записникот од претходното Собрание;
3.Извештај за Работата на НБФ со финансиски показатели за 2023 година. Беше презентиран извештај за финансиската работа на НБФ за претходната година, вклучувајќи завршната сметка за 2023 година;
4.Програма за Работа на НБФ за 2024 година. Членовите на Собранието разгледаа и ја прифатија програмата за работа на НБФ за тековната година, што вклучува планирани активности и проекти;
5.Исклучување на клубовите кои последните три години не настапиле во системот на натпревари на НБФ. Во склад со одлуките на Собранието, беа предвидени мерки за исклучување на клубовите кои не учествувале во натпреварите на НБФ во последните три години;
6.Информации за организација на Балканско првенство. Делегатите беа информирани за планираните активности и организација на Балканското првенство во бокс;
7.Разно. Во оваа точка беа дискутирани разни теми и идеи за подобрување на работата на федерацијата и спортските клубови.
Собранието прифати активно учество и дискусии, што го потврди континуираното ангажирање на членовите за подобрување на организацијата и развојот на боксот во земјата.