Боксерот од Узбекистан Хасанбој Дусматов ја освои олимписката титула во најлесната машка категорија – до 51 килограм.
31-годишниот Дусматов со едногласна одлука го победи Французинот Билал Бенама, кој беше последната надеж на домаќините на Олимписките игри за злато на боксерскиот турнир.
Дусматов, кој пред осум години беше олимписки шампион на Игрите во Рио де Жанеиро, го искористи сето свое искуство и решително го надбори Бенам. Така, ја забележа втората последователна голема победа над Французинот по онаа во финалето на светското првенство во Ташкент пред една година.
Бронзените медали во категоријата им припаднаа на поразените во полуфиналето – Жуниор Алкантара од Доминиканската Република и Даниел Варела де Пиња од Зеленортските Острови.