На социјалните мрежи беше објавено вознемирувачко видео од боксерски настан кој минатиот викенд се одржа во Јужноафриканската Република.
Имено, за време на мечот за ВБФ титулата на африканскиот шампион во лесна категорија, Симисо Бутелези (4-0) во еден момент почна да боксира во празнината, не ни знае каде е и против кого се бори.
Бутелези доминираше на мечот против Сифесихлеа Мнтунгве (6-1) и постојано го притискаше противникот.
Истото го направи и во последната, десетта рунда кога Мнтунгва за малку ќе испадне од рингот.
Судијата ја прекина борбата за да го врати Мнтунгва во рингот, а кога даде знак за продолжување на средбата, Бутелези се сврте во другата насока и почна да боксира во празнината.
Сите беа изненадени, а судијата мораше да го прекине мечот. Боксерот е пренесен во болница на преглед.
Симишо Бутелези моментално е во стабилна состојба, а во следните неколку дена ќе дознаеме што доведе до ова страшно и необично однесување во рингот“, напиша Тим Боксео во пораката на Твитер.
Very scary in South Africa please 🙏🏼 for Simiso Buthelezi (4-1). At 2:43 of the 10th & final round, Siphesihle Mntungwa (7-1-2) falls through the ropes but then Buthelezi appears to lose his understanding of the present situation. Mntungwa takes the WBF African lightweight title pic.twitter.com/YhfCI623LB
— Tim Boxeo 毎日がボクシング (@TimBoxeo) June 5, 2022