Македонските репрезентативци Гоце Јанески, Јасин Лама и Лулзим Исмаили утре одат на на лекарски прегледи во Штип, каде што ќе одржат и тренинг со селекторот Петар Чурлиновски во салата на БК Баргала. На 10 март заминуваат во Загреб на завршните подготовки со репрзентациите на Хрватска и Србија.
„Таку ќе останат до пред одење на Европското боксерско првенство за У-22 во Таргу Гјиу-Романија. Јас одам на три дена пред завршувањето на подготовките со Фатон Салиху и од 24.о3 до о2.04. сме на Европското. Тренерт Мирко Ристевски од Аперкат кој ќе биде на подготовките со боксерите се враќа во Скопје“, вели селекторот Чурлиновски.
Ipon.mk