Боксерите на БК Шкупи викендов ќе настапат на Меѓународниот турнир „Мустафа Хајрулаховиќ-Талијан“ во Сараево.
За Шкупи ќе настапат Иидриз Бислими (-52 кг), Адил Бајрами (-56 кг) и Јасин Лама (-60 кг). Со боксерите на Шкупи требаше да патува и Гоце Јанески од БК Аперкат,но во последен момент го откажал учеството.
„Значи, одиме на наш трошок, без никаква подршка од Боксерската федерација на Македонија“, вели тренерот на БК Шкупи и младата репрезентација, Насер Харуни.
На турнирот ќе учествуваат натпреварувачи од 10 земји, како од Германија, Австрија, Словенија, Македонија, Албанија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
ipon.mk/В.Д.