Боксерите на Пинк Пантер синоќа ја извојуваа првата победа во Регионалната босерска лига (РБЛ), а, воедно, ја прикажаа и најдобрата партија во сеозната против Славија од Бања Лука, Босна и Херцеговина, победувајќи со 10 – 6.
Денис Муаремовски (-64 кг) ја прикажа најзрелата и најдобрата борба во Лигата, победувајќи го Слободан Јекиќ со технички нокаут (ТКО, Р2), односно во паузата меѓу втората и третата рунда гостинскиот тренер ја предаде борбата.
„Сето ова е резултат на напорните тренинзи. Знаев дека ќе биде повисок, па затоа се фокусирав на тренинзи за блиска борба. И, тоа е тоа“, вели Муаремовски за синоќешната победа и втората победа во Регионалната лига.
Денис во понатамошниот дел од Регионалната лига вели дека публиката може да очекува многи добри борби и победи.
Гоце Јанески (-75 кг) ја забележа третата победа во РБЛ од четири борби и остана непоразен на домашен терен. Тој го совлада мошне добриот вицешампионот на Европа, Един Сејдиновиќ. Сепак, Сејдиновиќ се покажа како многу тврд орев и боксер кој му пружил најголем отпор на нашиот Гоце, држрјќи го првите две рунди на дистнаца и напѓајќи го со силни контри. Но, во третата рунда загзи и ја осигура и третата победа.
„Противникот беше доста искусен боксер. Во првата рунда се испитувавме и двајцата, задававме по некој удар. Но потоа почнав да боксирам со појако темпо и да задавам повеќе удари. Го совладав противникот со појако темпо“, вели Јанески.
Јасин Лама (-60 кг) во првиот настап за Пинк Пантер ја освои штипската публика кој ја дигна на нозе со победата над Никола Ивановиќ. Тој имаше навистина добар противник, кој, воедно, беше и многу цврст. Во втората рунда, кога проработа левицата, неговиот противник почна да паѓа.
„Многу добар меч. Бев многу подговени за оваа средба. Боксерот од Бања Лука беше малку валкан и не ми дозволуваше да го покажам мојот талент, мојата сила. Во втората рунда почнав да се борам со друг стил. Ова беше мојата прва борба на Регионална лига. За публиката немам зборови, бев премногу изненаден. Им благодарам многу на сите штипјани“, вели Јасин Лама.
Марко Доциќ иако загуби од Зоран Радиќ, не разочара. Можеби недостатокот на снага кај Марко му ја донесе победата на Радиќ во последната рунда. Инаку, цело време се водеше тактичка борба.
„Како што видовте, дадов се од себе. Пресуди тоа што сум уморен од преголемиот број на мечеви за многу кратко време. Што се однесува до третата рунда, ми фалеше и кондиција. Секоја чест на Зоран, многу искусен боксер е. И благодарам на публиката која силно навиваше за мене“, нагласува Марко Доциќ.
Победата на Пинк Пантер е заслужена рече тренерот на Славија, Драгиша Раденковиќ.
„Немаме никакви забелешки на победата на домаќините. Не очекував дека ќе наидеме на така подготвена екипа. Заслужено победија. Импресиониран сум од коректноста на публиката, но и од убавите мигови кои ги поминавме со нашите домаќини во Штип. Добивме уште едни добри пријатели во Македонија“, истакна Раденковиќ.
„Ова е голема победа за нас. Докажавме дека и со најдобрите екипи од ју-просторите можеме добро да се носиме. Честитки за сите мои боксери, но и за гостите, кои спорски го примија поразот“, вели тренерот на Пантерите, Ристе Грбев.
„Нашата цел е преку боксот да докажеме дека можеме да се зближиме меѓу себе.Сметам дека одлично го организиравме мечот и тоа на отворен простор. Оваа победа ни дава поттик за нови остварувања“, беше карток и јасен претседателот на клубот, Илија Младеновски, кој храбро влезе во Регионалната лига.
Пинк Пантер – Славија 10-6
-56 кг Александар Ристовски – без противник 3-0
-60 кг Јасин Лама – Никола Ивановиќ 3-0
-64 кг Денис Муаремовски – Слободан Јекиќ 3-0 (ТКО, Р2)
-69 кг Дејан Ристевски – Јован Стјепановиќ 0-3
-75 кг Гоце Јанески – Един Сејдиновиќ 3-0
-81 кг Никола Арсов – Петар Мавковиќ 0-3
– 91 кг Марко Доциќ – Зоран Радиќ 0-3
+91 кг Димитар Ташков – Бранислав Даниловиќ 3-0 (ТКО, Р1)
Ipon.mk/В.Д.